Сцена
Роберт де Ниро ќе ја добие почесната Златна палма на Канскиот филмски фестивал
Роберт де Ниро ќе ја добие почесната Златна палма на Канскиот филмски фестивал на церемонијата на отворањето на 78-то издание на 13 мај.
Следниот ден, иконскиот американски актер ќе учествува на мастерклас на сцената на театарот Дебиси.
„Имам толку блиски чувства за фестивалот во Кан“, рече Де Ниро во изјавата дадена од фестивалот. „Особено сега, кога има толку многу работи во светот кои не раздвојуваат, Кан нè зближува – сценаристи, филмски уметници, обожаватели на филмот и пријатели. Тоа е како враќање дома“.




