Ким Кардашијан го гаси својот „KKW“ бренд, фановите се прашуваат дали е поради Канје
Ким Кардашијан Вест е во процес на развод од својот сопруг Канје Вест, а неговото презиме исто така беше дел и од нејзиниот бренд. Фановите коментираат дека поради разводот сака да го отстрани „Вест“ од името, па затоа прави ребрендирање на компанијата.
Ким Кардашијан (40) објави дека на 1 август ќе ја изгаси страницата KKWBeauty.com, како би створила нова.
-Сакаме да ви се вратиме под целосно нов бренд со нови формули кои се помодерни, иновативни – напиша Ким на Твитер.




