Шоубиз
Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално се разведоа: Се договорија за поделба на имотот
Врховниот суд на округот Лос Анџелес објави дека двегодишниот брак на Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално е завршен.
Според магазинот HOLA, двајцата се законски слободни од 21 февруари годинава. Бен и Џенифер се договорија и ги завршија сите формалности без никакви дополнителни компликации.
Според понатамошните извештаи, судијата ја одобрил спогодбата за развод на 6-ти јануари, а таа стапила на сила минатиот петок, откако поминале шест месеци од поднесувањето на барањето за развод, според законот во Калифорнија.





