Магазин
Која винарија има капацитет на шишиња еднаков на бројот на жители на Македонија?
Како земја која е надалеку позната по своето вино, Македонија има вински брендови кои се квалитетни, препознатливи, но и имаат големи капацитети, кои се извезуваат на различни страни на светот.
Сепак, само една има капацитет со просек од речиси едно вино по жител на Македонија. Тоа е винаријата Бовин, која во 2001 ја постигна оваа цел, а во изминатите 14 години успеа да дојде и до трпезите во многу Европски држави, Северна Америка, Африка, Австралија и Азија.
Оваа информација со гордост ја сподели г-дин Ѓорѓи Тренев, Директор на Бовин, кој заедно со енологот на винаријата, г-дин Пено Бинов, ја претставија широката понуда на Бовин производи на „медија бранч” во Бар Форца.





