Занимливости
Во март затемнување на Сонцето какво што не сме виделе 16 години
На 20-ти март ќе дојде до затемнување на Сонцето, кое што ќе биде најголемото затемнување во последните 16 години. Месечината тој ден ќе се најде помеѓу Земјата и Сонцето, што ќе предизвика голема сенка, а најмногу ќе биде затемнето на северот на Стариот континент.
Тој ден на 20-ти март тотален мрак од две минути ќе има на северот на Скандинавија и Фарските острови, најавуваат астрономите.
Делумно затемнување ќе има во Европа, Северна Африка и Русија, а како што прецизираат научниците, минувањето на Месечината помеѓу Земјата и Сонцето ќе трае околу 90 минути.




