Магазин
Кои народи трошат најмногу пари на патување?
Граѓаните на Луксембург трошат најмногу пари на патување, во просек 740 евра по лице, споредувајќи со другите земји од Европската унија, покажува истражувањето на Евростат за 2015 година.
По нив следуваат граѓаните на Австрија, кои во текот на одморот за патување трошат околу 610 евра, а по нив се жителите на Малта, кои за патување трошат просечно 590 евра.
Најмалку за патување трошат Романците и Летонците, околу 116 евра, а по нив се граѓаните на Чешка и Унгарија, меѓу 120 и 130 евра.




