Магазин
Колку јајца смееме да изедеме неделно?
Средовечните мажи кои јадат седум или повеќе јајца неделно се изложени на поголем ризик рано да починат, отколку нивните врсници кои не го прават тоа, а дијабетичарите кои ќе изедат и едно јајце неделно, се изложени на поголем смртен ризик, покажало американско истражување кое траело 20 години.
Лекарите од Медицинскиот факултет при Универзитетот на Харвард, наведуваат дека мажите, кои не боледуваат од дијабетес, можат да изедат до шест јајца неделно и со тоа да не го зголемат ризикот од прерана смрт.
Харвардскиот тим ги проучил здравствените извештаи на 21.327 американски лекари, кои учествувале во обемна студија за здравјето на медицинските работници. Лекарите се следени 20 години, од 1981 година, а за тоа време редовно давале извештај за состојбата на своето здравје и начинот на живот.




