Магазин
Конзумирањето риба ја намалува депресијата
Честото конзумирање риба резултира со намалување на ризикот за депресија за 17 отсто, се наведува во студија спроведена од научници од Универзитетот во кинескиот град Кингдао.
Според нив, рибата е богата со многу хранливи материи, вклучувајќи омега 3 масни киселини, висококвалитетни протеини, витамини и минерали кои веќе се поврзани со намален ризик за депресија.
Најважен фактор можело да биде омега 3 масните киселини кои можат да влијаат на функцијата на невротрансмитери како допамин или серотонин.




