Магазин
Сара Фешн со спектакуларно модно шоу го прослави 18-от роденден
Со модно шоу за сите свои соработници и потрошувачи, презентирајќи ја својата последна колекција, Сара Фешн го одбележа својот јубилеј, 18 години успешна македонска приказна.
„Кога пред 18 години ја основавме компанијата, си поставивме јасни цели и визија која сеуште ја следиме. Со континуирано учење и вложување, денес можеме слободно да кажеме дека сме се развила и сме токму онаму каде што планиравме, но не престануваме тука, имаме уште многу планови и задачи кои треба да ги реализираме. Покрај домашниот пазар каде што имаме 60 продавници, присутни сме и во Србија, а според нашиот бизнис план планираме проширување и на други пазари во Европа“, изјави Дејан Спасовски, сопственик и генерален менаџер на Сара Фешн.
На ревијата присуствуваа познати еминентни личности од естрадата и од бизнис секторот. Новата колекција на пижами, хулахопки и долна облека на брендовите Penti и NBB, предводени од модниот дизајнер Ивана Кнез ги презентираа манекенки од Србија. Публиката имаше можност да ужива во настапите на Викторија Лоба која е заштитно лице на брендот за 2017 година, Симона Попоски и Диџеј Ерик Фокс, Наталија Славева, како и диџеј Бороу и специјалниот гостин за афтер забавата Димитрис Пацис.




