Занимливости
Лабрадор се окучи на аеродром во Флорида
Лабрадор се окучи непосредно по качувањето на патниците во авионот на меѓународниот аеродром во Тампа, Флорида.
Двегодишното куче водич Елеонора, позната како Ели, требало со сопствениците да патува за Филаделфија, но целото семејство морало да го пропушти летот.
Медицинскиот тим на аеродромот и помогнал на Ели да се окучи, а таа и нејзиниот партнер, кучето Нагет, сега се родители на седум машки и едно женско кученце.




