Ви препорачуваме
Лекарите и рекле дека не може да има деца, а таа двапати родила близнаци
Дваесет и четиригодишнате Кетрин Меккалок од британскиот град Ипсвич мислела дека никогаш нема да има деца, поради ретката карлична болест.
Таа и нејзиниот сопруг Арон веќе се помирила со тоа, кога дознале дека Кетрин носи двојајчени близнаци. Брејден и Логан денес имаат две години и се целосно здрави.
– Тоа е вистинско чудо. Не може да се опише колку сме среќни што имаме големо семејство откако мислевме дека воопшто нема да имаме деца. Секогаш сум сакала да имам деца па ми беше навистина тешко кога ми рекоа дека никогаш нема да бидам мајка, изјави Кетрин за „Дејли Мејл“.




