Занимливости
Луѓе во БиХ трагаат по Покемони и на минските полиња
Глобалниот феномен на играта „Покемон Гоу“ во Босна и Херцеговина доби бизарна димензија, затоа што локалните играчи во потрага по виртуелните суштества буквално го ризикуваат нивниот живот, јавија локалните медиуми.
Хуманитарната организација „Посавина без мини“ предупреди дека добива се повеќе известувања оти играчи на „Покемон Гоу“ влегуваат и во минските полиња, игнорирајќи ги јасно истакнатите предупредувања дека тој реон е опасен по живот, наведува бањалучкиопт весник „Независне новине“.
– Се молат сите граѓани да не го прават тоа, да ги почитуваат поставените знаци за опсност од мини и да не одат во подрачје кои не им се познати, се наведува во предупедувањето објавено на Фејсбук страницата на организацијата „Посавина без мини“, чие седиште е во Брчко.




