Магазин
Во Кина се наоѓа најчудната плажа во светот – капење во алги
Секоја година од последните девет години, плажите во близина на кинескиот град Кингдао, во покраината Шандонг, се преплавени со тони алги.
Алгите (eneromorpha prolifera) се размножуваат со толкава брзина што во јули 2013 година прекрија површина со големина на американската сојузна држава Конектикат.
Проблемот се појави во 2007 година, кога локалните фармери го променија начинот на кој ги чистат пловните сплавови. Дрвените сплавови се користат за одгледување нори, алга што се јаде и која е многу популарна во Јапонија.




