Занимливости
Луксузен одмор во пештерите на Кападокија
Името Кападокија според најстарите персиски записи значи „земја на убави коњи“.
Областа е значајна за Христијанството поради големиот број остатоци на древни цркви и манастири. Сепак, она што овој дел од Анадолија го чини привлечно за патувања и посети,се пештерите претворени во луксузни хотели.
Сликата ја комплетираат вулканските рамнини меѓу планината Еркијес, Мелендиз и Хасан, некогаш активни вулкани, а сега преубави пејзажи.




