Љубов
Мажите и жените откриваат што сакаат за Свети Валентин
Денот на вљубените е за една недела. Доколку сакате по тој повод да го изненадите својот партнер, еве што велат анкетите за тоа што луѓето најмногу сакаат за Свети Валентин…
Седумдесет отсто од припадниците на посилниот пол сакаат само – секс. Од нив, 50 отсто претпочитаат да им подарите романтичен викенд вон градот, но ако тоа од некоја причина, сепак не е изводливо, останете цел ден в кревет. Тоа пак, како врвен приоритет за тој ден го навеле дури 32 отсто од испитаниците.
Нешто повеќе од половина анкетирани, односно 57 отсто ја споменале и масажата.



