Магазин
Mажите на убавина трошат повеќе пари од жените!
Мажите трошат се повеќе пари на разни работи за кои веруваат дека ќе им помогнат да изгледаат подобро.
Ова се наведува во едно ново американско истражување во кое се тврди дека мажите се подготвени да платат многу повеќе пари за да изгледаат убаво отколку жените.
Истражувањето кое го спроведе „Санкорп“ на една илјада мажи, покажа дека мажите на возраст од 20 до 30 години трошат повеќе пари на облека, обувки и производи за убавина, отколку нивните врснички.




