Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Меган Маркл го најави својот нов бренд и сподели ретка фотографија со нејзината ќерка Лилибет

Магазин

Меган Маркл го најави својот нов бренд и сподели ретка фотографија со нејзината ќерка Лилибет

Војвотката од Сасекс Меган Маркл (43) се врати на Инстаграм на 1-ви јануари, собирајќи речиси два милиони следбеници со кои споделува досега невидени моменти од нејзиниот секојдневен живот.

Така, таа со својата најнова објава го најави својот најнов деловен потфат, брендот наречен „As Ever“ на кој тајно работи, а кој очигледно ќе го замени „American Riviera Orchard“ што го лансираше минатата година.

Таа откри сè во видеото, кое започнува со нејзиниот сопруг, принцот Хари, кој вели дека почнал да ја снима, додека таа седи во градината и возбудено зборува за тоа како ќе го претстави проектот паралелно со почетокот на нејзиното ново шоу „With Love, Meghan“, кое ќе биде достапно на Нетфликс од 4 март и дека нејзиниот претходен бренд го сменил името.

Маркетинг

„Некои од вас можеби ги слушнаа гласините дека создавам нешто. Мојата серија на Netflix ќе започне за две недели, но има уште нешто на што работам. Возбуденa сум што можам да ве запознаам со As Ever – бренд што го создадов и го влеав моето срце. As Ever („Како и секогаш“) значи „како што секогаш било“ или некои дури велат „на ист начин како и секогаш“. Ако ме следите од деновите кога го создадов The Tig, ќе знаете дека ова значење не може да биде повистинито за мене. Ова ново поглавје е продолжение на мојот љубовен јазик, бидејќи собирам сè што ценам – храна, градинарство, забава, внимателен живот и наоѓање радост во секојдневието. Ќе продолжам да споделувам моменти од зад сцената со вас додека се подготвуваме за лансирање, и едвај чекам да стигне до вас сè што создадовме. Испраќам многу љубов… Како и секогаш, Меган“, напиша таа покрај објавеното видео.

Во видеото таа истакна дека отсекогаш сакала да готви, да создава и градинари и дека сето тоа не можела да го сподели со своите обожаватели во последните години, но сега е време тоа да се промени. Еден од производите кои ќе се најдат во продажба ќе бидат конзервираното овошје и нејзиниот џем, кои досега ги споделила само со пријателите. “Има уште толку производи што ги сакам и ги користам дома и време е да ги споделам со вас. Едвај чекам да ги видите сите. Ви благодарам луѓе”, рекла Меган.

Меган приреди уште едно изненадување, објавувајќи ретка фотографија од нејзината ќерка Лилибет како насловна слика на новоотворената веб-страница As Ever.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.