Магазин
Мигинго – најнаселениот остров на светот
Мигинго, мало островче среде езерото Викторија во Кенија, се протега на помалку од четири илјади квадрати, е дом на повеќе од илјада луѓе. Токму тоа го прави најгусто населен остров на светот.
Иако Мигинго технички се наоѓа на територијата на Кенија, оваа земја поради него била во конфликт со Уганда, која тврдела дека рибарите ловат риби во нејзините води, само 500 метри од островот.
Познат е и како „најмал африкански ’рт“, а судирот меѓу двете земји за него кулминација достигна во 2008 година, кога Уганда на Мигинго испрати војска со цел да ги евакуира кениските рибари и да ја преземе контролата врз островот.




