Занимливости
Најбараните криминалци ќе се најдат на божиќен календар на Европол
Божиќните или адвентски календари, што ги одбројуваат деновите од 1 декември до Божик по грегоријанскиот календар на 24 декември, традиционално содржат најразлични мотиви и подароци.
Но, оваа година Европол претставува своја верзија на онлајн божиќен календар, на кој се ликовите на најбараните криминалци во Европа.
– Од 1 декември, па во наредните 23 дена, секојдневно ќе објавуваме по еден бегалец од некоја од членките на Европската унија. Се работи за сторители на сериозни кривични дела, како што се убиства, тероризам, киднапирања, силувања и шверц на дрога. Дневно, еден лик на криминалец кој моментно е во бегство, ќе биде објавуван на Фејсбук и Твитер, изјави вчера портпаролот на Европол, Џералд Хестер.




