Занимливости
Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер
Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештвото да избега од безнадежната иднина, мизерија, глад и насилство. Фудбалот создава огромни можности и, во најмала рака, обезбедува исклучително луксузен животен стил за повеќето професионалните играчи.
Но, тоа не е случај со 20-годишниот Фаик Џефри Болкиа, кој е најбогат играч во светот, иако игра за резервите на Лестер. Неговото богатство, сепак, не е добиено со многу пот на фудбалски терени.
Фаик е внук на султанот од Брунеи, држава со двe минитеритории во северозападниот дел на островот Борнео.




