Музика
Марко Бошњак ќе ја претставува Хрватска на Евровизија
Марко Бошњак синоќа победи на 26-тото издание на Дора, хрватскиот избор за песна на Евровизија, со песната „Poison Cake“ и ќе ја претставува Хрватска во мај на Евровизија во швајцарскиот град Базел.
Марко Бошњак освои вкупно 130 поени, од кои 83 поени од жирито и 47 од гласовите на публиката.
Покрај четирите хрватски жирија од центрите на ХРТ во Загреб, Сплит, Риека и Осијек, годинава за победникот одлучуваа и четири меѓународни жирија од земјите-учеснички на Евровизија – Финска, Ерменија, Словенија и Шпанија.




