Магазин
Некогаш белиот Таџ Махал потполно ја промени бојата
Индискиот Врховен суд побара од Владата да обезбеди странска помош, за решавање на проблемот со бојата на храмот Таџ Махал.
– Иако имате експертиза, не ја користите, или пак, можеби и не ви е грижа, наведува Врховниот суд на земјата во барањето упатено до Владата.
Зданието изградено од бел мермер и други материјали во 17. век сега е целосно жолто, а некаде со валкано кафеава и зелена боја. Загаденоста, градежниот материјал и изметот од инсекти се дел од причините.




