Низ објективот
Луксузни дестинации оваа сезона за македонскиот моден дизајнер Папаз
Монако, Монтекарло, Ница, Кан, Сантропе и Санремо се дестинациите кои ова лето ги посети македонскиот дизајнер Папаз. Тој е на заслужен одмор каде ужива во убавините на овие дестинации. Преку патувањата Папаз постојано црпи идеи за неговите дизајнерски уникатни креации кои ги носат познатите личности од Македонија, а тоа се Тамара, Викторија Лоба, Лозано, Биг Мама, Елена Стефановска, Кристина, Арнаудова, Теа, Ведрана.
Вистинско полнење на батерии претходно Папаз го направи со својата девојка Катерина позната како KKQueen – инстаграм блогерка, кои престојуваа на Бали, Индонезија.
По враќањето од одморот Папаз го чека нова сезона на претставување на својата колекција есен-зима ‘19/’20, насловена како Three (3) за едно поинакво искуство, која ќе биде презентирана во Сараево на настанот European Fashion Passport во друштво на познати дизајнери од Европа.




