Детски цртачки работилници и изненадувања од Бимилк во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“
Најмладите љубители на филмот се дружеа и цртаа со Битолското чупе на црвениот тепих
Во рамките на јуниор-програмата на јубилејното 40-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, компанијата Бимилк повторно приреди креативно изненадување за најмладите љубители на филмот.
Имено, од 16 до 20 септември, на црвениот тепих пред Центарот на култура во Битола, по завршувањето на филмовите од детската програма, Бимилк организираше детски цртачки работилници на тема „Нацртај го твојот омилен филмски јунак“. Во текот на работилниците, децата имаа можност да се дружат со Битолското чупе и заедно да ги нацртаат своите херои од филмското платно.







