Низ објективот
Тревис Келси на Супербол: Ретро стил или модна катастрофа?
Тревис Келси, играчот на Канзас Сити Чифс и момче на популарната пејачка Тејлор Свифт, го привлече вниманието на јавноста со своето модно издание при доаѓањето на Супербол.
Келси одлучи да носи костум во стилот на седумдесеттите години на минатиот век, кој беше комплетиран со ретро мокасини, очила за сонце и црна чанта, што предизвика бурна реакција на социјалните мрежи. Многумина на Икс (поранешен Твитер) го исмејуваа неговиот стил, пишувајќи забавни коментари како: „Изгледа како да снима филм за ‘Би Џис’“ или „Травис Келси пристигна на Супербол облечен како макро од педесеттите“.
Иако не сите беа воодушевени од изборот, овој момент ќе остане запамтен како еден од модните акценти на настанот, во кој Чифс изгубија од Филаделфија Иглс. Покрај тоа, настапот на Кендрик Ламар, реакциите на публиката кон Тејлор Свифт и појавувањето на Доналд Трамп на трибините беа некои од најзапаметените моменти од Суперболот.



