Занимливости
Ноќта кога најстрашните суштества шетаат низ улиците на Клагенфурт
Што ќе кажете за страшните суштества со вжарени црвени очи, нечисто крзно, рогови, кои тепаат луѓе со стапови и крадат деца за подоцна да ги изедат? Едно од таквите суштетства е крампус, ѕверски демон што во текот на ноември и декември ги прогонува луѓето во средна Европа.
Некои велат дека крампус поттекнува уште од времето пред христијанството, кога се обожувале духовите на природата, а католичката црква го претвори во ѓавол. како суштество кое избегало од канџите на пеколот.
Но, што и да бил, крампус игра важна улога во периодот околу деновите на Свети Никола. Влакнестото суштество ги плаши децата со неговата метла од бреза или ги става во вреќа и ги краде, па потоа бега со нив. Како и да е, ова страшно суштество има свои „следбеници“ и во негова чест во поголем број држави околу Австрија во ноември и декември се оддржуваат свечености.




