Магазин
Нов козметички бренд во парфимериите „Анабела“ во Сити Мол
Парфимериите Anabella со задоволство ја најавуваат промоцијата на козметиката Bobbi Brown во Македонија, единствено и ексклузивно во парфимеријата Anabella во Скопје Сити Мол.
Од 25 февруари (сабота) и потрошувачите во земјава ќе имаат можност и самите да ја откријат убавината на овој светски познат козметички бренд.
Bobbi Brown Cosmetics е основан далечната 1991 година од страна на Боби Браун, жената мејкап артист која решила да влезе во претприемачките води. Својата работа ја започнала со презентирање 10 кармини и имала едноставна мисија – да ја нагласи, а не да ја прекрие природната убавина на жената. Водејќи се од мотото „Биди тоа што си“ (Be Who You Are), брендот се фокусира на тоа да создаде вистинска шминка која на жените ќе им даде самодоверба и знаење со кои ќе изгледаат и ќе се чувствуваат најдобро.




