Занимливости
Новинар од „Вашингтон пост“ потсети дека ако победи Трамп ќе „јаде весници“
Дана Тимоти Милбанк, политички кулминист во „Вашингтон пост“, кој на почетокот на партиските избори во САД рече дека ќе „јаде весници“ ако милијардерот Доналд Трамп ја добие републиканската номинација за претседателските избори во САД, потсети дека ќе го одржи ветувањето.
По победата на Трамп во американската сојузна држава Индијана и повлекувањето на републиканецот Тед Круз, главниот ривал на милијардерот, Милбанк на Твитер потсети деќа ќе го одржи ветувањето и дека ќе изеде страница од весникот.
Многу читатели на Милбанк му испратиле различни рецепти како полесно да изеде хартија, некои од нив дале предлог за разновидни сосови како и сецкана сланина или сладок милкшејк со различни ароми.




