Занимливости
Пронајдени три „околни нови Земји“
Меѓународен тим научници откри три планети со големина на Земјата, кои би можеле да бидат „кандидати“ за населување.
Новооткриениот систем се наоѓа на околу 40 светлосни години од Земјата, се наведува во текстот, објавен денеска во списанието „Нејчр“.
Водечкиот автор на текстот Мишел Гилон вели дека системот иако е на огромна далечина, сепак во вселенски размери се смета за доволно блиску за да може да се нарече „околен систем“.




