Магазин
Ново правило за влез во најголемиот мавзолеј во светот
Откако пет лица беа повредени во стампедо во Таџ Махал, властите одлучија да го ограничат бројот на посетители, кои дневно може да го посетат најпознатиот мавзолеј во светот.
Несрќата се случи на 28 декември пред крајот на работното време, поради што организацијата што управува со мавзолејот соопшти дека во Таџ Махал дневно можат да влезат само 30.000 луѓе.
– Мораме да ја гарантираме безбедноста на споменикот и посетителите. Раководењето на Таџ Махал стана голем предизвик за нас, посочи организација.




