Занимливости
Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ и натаму на врвот по заработката
Филмот „Војна на ѕвездите – Будење на силата“ веќе четири недели го држи првото место на листата филмови со најголема заработка во Северна Америка, престигнувајќи го и филмот „Повратник“ со Леонардо Ди Каприо.
Со ова, „Будење на силата“ на режисерот Џеј Џеј Абрамс, стана трет филм според заработката во светот.
Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ е прв филм кој за четири недели оствари заработка поголема од 800 милиони долари во САД и Канада, со приход од 812 милиони.




