Магазин
Одмор на Бермудите
Ако се уште немате план за одмор оваа година, Ви ја препорачуваме плажата Елбоу Бич на Бермудите. Овде можете да го набљудувате изгрејсонцето јавајќи коњ, и потоа цел ден да го минете уживајќи во погледот кон азурните води на Атлантскиот Океан.
Елбоу Бич се наоѓа на јужниот брег на Бермудите и нуди 98 соби за гости, со изглед во колонијален стил, при што секоја од нив ветува комфор, приватност, луксуз, неколку современи детали и совршен поглед на океанот.





