Занимливости
Кутија цигари на Фидел Кастро продадена за речиси 27.000 долари
Кутија цигари од личната колекција на некогашниот кубански лидер Фидел Кастро, е продадена на аукција во Бостон за 26.900 долари.
Заедно со дрвената кутија на која стои и потписот на Кастро со син фломастер, продадена е и негова фотографија која тој ја потпишал за филантропот Ева Халер во 2002 година.
Кутијата содржи 24 цигари со жиг, а на дното на кутијата има ознака на производителот Тринидад Фундадорес. Овие цигари се произведувале специјално за Кастро, почнувајќи од 1980 година.




