Занимливости
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
Најголемата сума на пари која е освоена во Њу Џерси ја добил 41-годишниот Ричард Вол на лотаријата „Мега Милиони“ во март. Тој освои сума од 533 милиони долари, на што не се надевал ни во најлудиот сон.
Како што се тврди, дури и мајка му на Ричард го повикала на телефон да го извести дека некој од неговото место добил џек-пот.
Најпрво негирал дека е тој, а кога сфатил дека тој е добитникот на парите, изјавил дека ќе ги троши паметно и на добри работи.




