ШОК НА ЕУРО 2020: Фудбалерот Ериксен колабираше на теренот – во стабилна состојба префрлен во болница
Денеска Данска и Финска во Копенхаген го играа првиот натпревар на ЕУРО 2020, во Б-групата.
Иако во првиот дел од натпреварот се играше во најдобар ред, сепак во 43.минута, најдобриот дански играч Кристијан Ериксен (29), колабираше на теренот. Веднаш интервенираа лекарските тимови. Данските фудбалери и нивните фински колеги, како и сите на стадионот во солзи го чекаат епилогот.
По извршената реанимација на теренот, данскиот репрезентативец во стабилна состојба бил префрлен во болницата во Копенхаген.