Магазин
Париз по нападите го посетиле 1,8 милиони туристи помалку
Бројот на странските туристи во Париз по терористичките напади во неомври минатата година е намален за 1,8 милиони лица, изјави претседателот на Регионалниот туристички одбор, Фредерик Валету.
Тој прецизира дека во периодот јануари-октомври ова година Париз го посетиле 1,8 милиони туристи помалку во однос на лани истиот период.
Валету нагласи дека главниот град на Франција минатата година го посетиле 47 милиони лица, така што таа бројка оваа година е намалена за 8,1 отсто.




