Магазин
КАКО ОД СОНИШТАТА: Кревет со поглед на поларната светлина (ФОТО)
Во арктичкото одморалиште Карксклаутане ќе доживеете единствено и незаборавно искуство доколку го посетите во време на сезоната на поларна светлина, и тоа со поглед од креветот токму на неа.
Ова арктичко одморалиште во неговата понуда нуди стаклени иглоа, од кои ноќе се нуди незаборавен поглед на поларната светлина. Во понудата постојат два вида иглоа. Кело стаклени иглоа е малку поголем и може да прими четири лица, а освен спална соба во стаклениот дел има и приватна сауна, камин и кујна.
Нешто „пообичниот“ стаклен игло за две лица, соддржи само спална соба со незаборавен поглед и тоалет. Сауната и бањата се во друга зграда.




