Германски град лежи на илјадници тони дијаманти
Жителите на градот Нердлинген, Германија, знаат дека живеат на, според стручните пресметки – 72.000 тона дијаманти, но немаат намера да го урнат цел град за да се збогатат.
Огромниот извор дијаманти под градот во германската покраина Баварија настанал пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на вселенското тело била еден километар, баш колку и денешен Нердлинген, а бил тежок околу три милијарди тони.
Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно колку да настане мешавина од стакло, кристали и дијаманти, наречена суевит.





