Лето во Будва – Уживајте во убавините на бисерот на Јадранот
Летото веќе дојде, а луѓето околу вас почнаа сериозно да размислуваат за следната дестинација за одмор. Поволната местоположба ни дава можност да одбираме помеѓу неколку популарни дестинации за летување, но и оваа година како најпопуларна се покажува прекрасната Будва на Јадранскиот брег. Ако досега не сте ја посетиле Будва, сега е совршено време да го направите тоа. А доколку претходно ја имате посетено, време е да се потсетите на природните убавини и одново да го вдишите воздухот покрај заносната Будванска ривиера.
Има причина зошто туристите ја нарекуваат Будва „Бисер на Јадранот“. Бидејќи таа, исто како и бисерот, е дар од природата создаден да го направи светот поубав. И навистина, во Будва секогаш има што да се види: од историските градби и уникатната архитектура, преку вкусната локална кујна, па се’ до бескрајните и пространи песочни плажи кои се протегаат ширум Јадранското море. А за да ги доживеете сите овие задоволства нема да ви биде потребен ниту PCR тест бидејќи Владата на Црна Гора реши да ги отвори границите за македонските туристи.







