Магазин
ПЕКОЛ НА „РАЈСКИОТ ОСТРОВ“: Ужасната вистина за Бали
Бали е се попопуларна туристичка дестинација, која подеднакво ги привлекува и љубителите на кампирањето и оние, кои уживаат во луксузните одмаралишта. Меѓутоа новиот извештај покажува дали Бали има своја мрачна страна.
Новинар на Б92, кој на почетокот на годината бил во Индонезија и на Бали, имал можност да се увери дека во оваа азиска земја се јаде кучешко месо.
Новиот извештај на борците за правата на животните од Австралија, покажува дека на „рајскиот остров“ и на туристите им се подметнува кучешко место, наместо пилешко.




