Занимливости
Пешачела 30 часа по снег и јадела гранки за да го спаси семејството (ВИДЕО)
Американката Карен Клајн 30 часа патувала пеш по снегот за да стигне до некого, кој ќе може да му помогне на нејзиното семејство кое останало заглавено во снегот.
Карен (46), со сопругот Ерик и десетгодишниот син Ајсак патувале кон северниот дел на Големиот Кањон кога почнало обилно да паѓа снег, кој на крајот ги затрупал додека барале алтернативен премин поради затворените патишта.
– Гугл мап ни покажа по кој пат неможе да се минува, тоа често се случува, рече шефот на полицијата Џим Дрискол кој учествуваше во спасувањето на несреќното семејство.



