Шоубиз
Ескалира драмата во семејството Бекам: „Бруклин не сака да има контакт со нив, не одговара на нивните пораки“
Бруклин Бекам, син на Дејвид и Викторија Бекам, наводно му кажал на своето семејство дека не сака да има никаков контакт со нив, изјавиле извори за Page Six. Гласините за несогласувања во познатото семејство кружат веќе некое време, а сè отиде на повисоко ниво бидејќи Бруклин наводно повеќе не сака да одговара на пораките што му ги испраќаат членовите на неговото семејство.
Освен што не е во контакт со своите родители, најстариот син на еден од најпознатите парови во светот, не разговара често со своите браќа Ромео и Круз и сестрата Харпер, со која отсекогаш бил многу близок.
Извори блиски до Бруклин неодамна изјавија дека е исклучително среќен што неговиот татко Дејвид ќе биде прогласен за витез и знае колку е важно тоа. Сепак, тој дознал за оваа вест преку медиумите, а не од своето семејство.





