Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пет работи, поради кои нема да ја заборавите Португалија

Магазин

Пет работи, поради кои нема да ја заборавите Португалија

Земјата на одличната храна и вино, на илјада плажи, живописни села и старите градови, би требало порано или подоцна да се најде на листата на секој патник. 

Португалија нуди многу, но следуваат пет работи, кои би требало да ги искусите на крајниот запад на Европа.

1. Посетете го Пиодао

Сместен во срцето на земјата, Пиодао е познат како едно на најживописните села во Португалија. Неговата архитектура и изглед се единствени, а љубезните домаќини со задоволство ќе ве примат во овој средновековен рај, сместен на брдо.

2. Истражете ја палатата Пена

Се наоѓа во гратчето Синтри, кое денеска всушност е дел од Лисабон. На самиот врв на еден рид се наоѓа оваа преубава палата изградена на урнатините на манастир, а своевремено била викендица на кралското семејство. Целосно е зачувана и обновена за посетителите.

3. Отпатувајте на Азори

Овој архипелаг ужива автономија, а го сочинуваат вкупно девет острови. Поради вулканското потекло изгледаат неверојатно, а има толку многу зеленило што имате впечаток дека сте стигнале во Ирска. Тука можете да се занимавате со речиси сите форми на рекреација: голф, нуркање, пливање, едрење или пешачење по долги патеки…Исто така не е лош ниту ноќниот живот во градовите.

4. Поминете некој ден во Порто

Порто е неправедно запоставен. Сите обично го избираат Лисабон, но и вториот по големина град во земјата нуди многу. Тоа е еден од најстарите градови во Европа, а неговиот стар град е под заштита на УНЕСКО. Историските споменици, галериите и музеите се на секој чекор, а Порто е преполн со места, на кои можете да уживте во убава храна и добро вино.

5. Лисабон

И секако посетете го Лисабон, метрополата и најголемиот град. Оние, кои го посетиле се колнат дека е еден од најубавите градови во светот, скапоцен камен на архитектурата. Музеите, историските градби ги чекаат љубителите на уметноста, а оние кои сакаат убаво да се најадат и да се напијат ќе побараат некој добар ресторан или бар.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.