Занимливости
По самоубиствата на Бордејн и Спејд, презафатени линиите за превенција во САД
По самоубиствата на познатата креаторка Кејт Спејд и ТВ готвачот Ентони Бордејн, повиците на линиите за превенција на самоубиства во САД значително зачестија.
– Порастот на бројот на јавувања е очигледен. Ги контактираме нашите доброволци за да обезбедиме повеќе луѓе да одговараат на повиците, изјави Лорен Фостер, директор на локалната непрофитна организација „Хоуп лајн“ (линија на надежта), со седиште во Северна Каролина.
Американската Национална линија за превенција од самоубиства пак, соопшти дека бројот на примени повици деновиве е зголемен за 25 отсто.




