Актуелно
Почина истакнатиот македонски продуцент Панче Панта Мижимаков
Почина македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков (1946-2025), соопшти денеска Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).
– Изразуваме длабоко жалење по повод смртта на нашиот драг и почитуван колега, истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков. Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија, се наведува во соопштението од ДФРМ.
Мижимаков студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија. Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број играни, документарни и кратки филмови. Од 1991 е еден од основачите и директор на приватната продукциска куќа ‘Пегаз’, со којашто има реализирано неколку филмски проекти.



