Под македонско знаме и со песната „Зошто си ме мајко родила“, е погребан Аки Рахимовски
Легендарниот фронтмен на „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, попладнево беше погребан во Алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб.
Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со македонското знаме, а на него имаше црвени рози. Пред него стоеше венец на кој беше испишана порака од неговата двегодишна ќерка Антонија.




