Шоубиз
Погребан актерот Метју Пери, го испратија колегите од „Пријатели“
Семејството и екипата од серијата „Пријатели“ се собраа вчера на гробиштата Форест Лон во Лос Анџелес за да се простат од актерот Метју Пери.
На приватен собир кој беше организиран во чест на легендарниот Чендлер Бинг, се собраа таткото на актерот Џон Бенет Пери, мајката Сузан Морисон и очувот Кит Морисон, како и соработниците на Метју од серијата Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Мет Лебланк и Дејвид Швимер, како и други, пријатели и членови на семејството, сите облечени во црно.






