Занимливости
Под мотото „Да живеат осумдесетите“ најавено 13-то издание на Моден викенд Скопје
Деновите од 1 до 4 април годинава се резервирани за тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржува под мотото „Да живеат осумдесеттите!“, кај стариот домаќин на настанот – салонот „Порше Македонија“.
Модното случување за сезоната пролет/лето 2016 година, ќе се одвива во духот на осумдесеттите години на минатиот век во кои започнаа револуционерните промени во модната индустрија. Ликот од визуелниот имиџ на новата сезона кој го потпишува графичкиот дизајнер Дејан Зафировски е всушност илустрираниот лик на Ирина Илиевска, една од најпознатите манекенки кај нас во осумдесеттите.





