Занимливости
Потписите ги откриваат тајните на Меган Маркл, Трамп, Закерберг…
Графолозите тврдат дека нашиот ракопис открива многу за нас и говори за нашиот нарав, навики и карактер. Поттикнати од автограмот што војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го даде на еден свој обожавател, „Дејли Меил“ објави анализа на потписите на неколку светски познати личности.
Непишано правило е членовите на британското кралско семејство да не даваат автограми, за тие потоа да не станат предмет на продажба, или пак да бидат фалсификувани. Обично исклучоците од тоа правило се случуваат несакајќи и од невнимание, но тоа отвори можност за анализа на најновата членка на кралското семејство.
Според експертите за ракопис, Меган Меган е романтична, страствена и посветена жена која и во деновите кога не е во најдобро расположение, знае да го прикрие тоа со својата позитивност.




