Љубов
Прашања несоодветни за првата средба
Жената секогаш има по малку трема на прв состанок со момче коешто и се допаѓа. И тука секогаш се вртат прашањата: Што да правам? Што смеам да кажам, а што не?
До каде е дозволено и пристојно да „испрашувате“? Она што најмногу не интересира, е – што човекот спроти нас бара од партнерката или пак зошто раскинал со претходните девојки. Меѓутоа, познавачите велат дека тие прашања треба да ги оставиме настрана на првиот состанок.
Првата средба треба да биде – само забава, на која ќе разговараме за „површни“, позитивни теми. И, да избегнуваме лоши спомени од минатото… Така создаваме првична позитивна слика за себе.



